Кој моментално се наоѓа во вашиот објект?

Бизнис центар со десет закупци, погон со сервисни изведувачи, компанија со чести посети на ревизори — сите имаат исто прашање: кој е во објектот, кај кого и од кога? Вработените се во системот. Гостинот на рецепција, добавувачот во магацинот и изведувачот на третиот кат — не се. Atendo Посетители го менува тоа.

Бизнис центри и кампуси
Погони со надворешни изведувачи
Компании со посети на ревизори

Книгата на посетители не е преглед на присутните. Тоа е запис на хартија.

Од пријава до заминување — секоја посета евидентирана.

Пред-регистрација

Домаќинот ги регистрира посетителите однапред — гостинот добива QR код за пријава на е-пошта

Брза пријава

Рецепцијата го скенира QR кодот или ги внесува податоците, домаќинот веднаш добива известување

Преглед на активни посети

Гледате кој е моментално пријавен како присутен, од кога и кај кого

Изведувачи и добавувачи

Ист систем со временски ограничена најава и евиденција на посетата

Atendo рецепција — закажување посета на гостин со податоци за домаќин и објект
Atendo мобилна апликација — вработен ја најавува посетата на гостин

Рецепција и мобилна апликација

Рецепцијата закажува посета однапред — име, компанија, домаќин, објект и време на пристигнување. Вработениот може да го направи истото директно од мобилната апликација.

Гостинот по желба веднаш добива QR код за влез на е-пошта, а повеќедневната пропусница ги покрива посетите кои траат подолго од еден ден.

Atendo Посетители е самостоен модул

Не бара имплементација на целосен систем за евиденција на присуство на вработени. Може да се користи самостојно или во комбинација со модулот за вработени.

Прашање кое можете да го поставите на Atendo

„Кои изведувачи имале најмногу посети овој месец?"

Како одговара AI асистентот →

Закажете демонстрација на модулот Посетители

Покажуваме како изгледа пријавата на гостин, известувањето на домаќинот и прегледот на активни посети — во вашиот сценарио.

Закажете демонстрација

Без обврска. 20 минути.