Датум на стапување на сила: 1 јануари 2026 година.
Atendo е софтверска платформа за евиденција на работно време, смени, локации и теренски активности на вработените, наменета за деловни корисници.
Колачињата се мали текстуални датотеки што се чуваат на вашиот компјутер или мобилен уред кога ќе посетите веб-страница или користите апликација. Тие овозможуваат препознавање на вашиот прелистувач или уред и правилно функционирање на системот.
Покрај колачиња, Atendo може да користи и слични технологии, вклучувајќи локално складирање податоци, сесиски токени и безбедни идентификатори на уредот во рамките на мобилната апликација, исклучиво заради автентификација на корисниците, одржување безбедни сесии и правилно функционирање на платформата.
Atendo не ги користи овие технологии за следење на корисниците за маркетинг или рекламни цели.
Колачињата и сличните технологии ги користиме исклучиво за следниве цели:
Покрај технологиите што се користат заради функционирање на платформата, на јавно достапната веб-страница Atendo може да се користи Google Analytics заради анализа на посетеноста и начинот на користење на веб-страницата.
Google Analytics не се користи за следење на активноста на корисниците во рамките на платформата Atendo, ниту за анализа на податоци за вработените, евиденцијата на работно време, присуство или локации.
Atendo не користи колачиња за автоматизирано донесување одлуки, профилирање на корисници или директен маркетинг.
Atendo ги користи следниве видови колачиња и слични технологии:
Овие колачиња се задолжителни за функционирањето на платформата Atendo и овозможуваат безбедна најава, навигација и заштита на системот. Без нив Atendo не може правилно да функционира.
Овозможуваат паметење на основните поставки на корисникот, како што се јазикот на интерфејсот и техничките преференции.
На јавно достапната веб-страница, Atendo користи Google Analytics заради собирање статистички податоци за посетеноста, користењето на страниците и техничките карактеристики на пристапот.
Google Analytics може да користи аналитички колачиња, вклучувајќи _ga
и _ga_<container-id>, заради разликување на корисниците и
одржување податоци за сесијата. Google за GA4 наведува стандардно траење на овие
колачиња до две години, освен ако не е поинаку поставено.
Аналитичките колачиња не се користат во рамките на SaaS платформата Atendo за следење на работата на вработените, ниту за обработка на податоци за присуство, работно време или локации.
Аналитичките колачиња се активираат согласно изборот на корисникот и важечките правила за согласност.
Atendo користи исклучиво колачиња и сесиски механизми со ограничено траење.
Колачињата на сесијата автоматски се бришат по завршување на сесијата или по период на неактивност. Постојаните колачиња, кога се применливи, имаат јасно дефиниран рок на траење согласно безбедносните политики на системот и важечките прописи.
Можете да ги контролирате или бришете колачињата преку поставките на прелистувачот. Оневозможувањето или бришењето на неопходните колачиња може да доведе до неможност за користење на платформата Atendo или на одделни нејзини функционалности.
Повеќето прелистувачи ви овозможуваат да:
За повеќе информации, погледнете ги упатствата за вашиот прелистувач (Chrome, Firefox, Safari, Edge итн.).
Неопходните колачиња и сесиските механизми се користат заради безбедно и правилно функционирање на платформата Atendo и не можат да се исклучат преку поставките на системот Atendo.
Аналитичките колачиња што се користат на јавно достапната веб-страница на Atendo се активираат по соодветниот избор на корисникот преку банерот за колачиња, кога според важечките прописи е потребна согласност.
Корисникот може да ги прифати или одбие аналитичките колачиња и последователно да го измени својот избор.
Atendo може да користи соодветни механизми за управување со согласноста, вклучувајќи Google Consent Mode, заради прилагодување на однесувањето на аналитичките ознаки согласно изборот на корисникот.
За прашања во врска со заштитата на личните податоци и приватноста, можете да не контактирате преку наведените контакт податоци: